Селекциите на Белгија и Аргентина изборија пласман во полуфиналето на Дејвис купот, откако по првите два дена во дуелите со своите ривали остварија недостижна предност.
Белгија убедливо со 3-0 води против Канада, а со истиот резултат и Аргентина поведе против Србија, која настапи без својот најдобар играч Новак Ѓоковиќ.
Другите два полуфиналисти ќе бидат познати денеска по завршување на сингл мечевите од дуелите Велика Британија – Франција и Австралија – Казахстан.
Британците имаат водство од 2-1 и за конечен триумф им е потребна уште една победа. Резултатот на дуелот Австралија – Казахстан по четири мечеви е 2-2, па петтиот меч ќе одлучува за победникот.