МТСП: Невистинити и со политичка позадина тврдењата на Синдикатот за култура

Од:

Министерството за труд и социјална политика денеска како невистинити ги оцени тврдењата на Синдикатот за култура на Република Македонија дека оваа институција ја отежнува постапката за добивање легална регистрација на синдикатот иако уредно поседуваат документи и доволен број членови и ги исполнуваат условите за регистрација.

– Синдикатот на сценско музичките уметници на Република Македонија во регистар на синдикати кој го води Министерството за труд и социјална политика е запишан на 6 јули 2010 година под број 36 и за истиот му е издадено решение бр.08-4429/2 од 6 јули 2010 година. Врз основа на одлука донесена на Првиот конгрес на Синдикатот на сценско музичките уметници на Република Македонија, одржана на 24 декември 2010 година и донесената одлука за разрешување на дотогашниот претседател, односно овластеното лице за застапување Лора Тарчуговска, за претседател е именуван Виктор Илиевски. За промената на претседателот на Синдикатот на сценско музичките уметници на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика на 28 јануари 2011 година донесе заклучок бр.08-427/2. На 26 март 2015 година во регистарот на синдикати по доставено барање направена е и промена на називот на името на синдикатот во Синдикат на културата на Република Македонија, се вели во денешното соопштение од МТСП, како реакција на денешната прес-конференција на Синдикатот за култура на Република Македонија.

До сега, се додава во соопштението, сите барања кои се доставени од гранските синдикати, а се однесуваат на промена на податоци,  се регистрирани во регистарот на Министерството и проследени до Централниот регистар.

Согласно ова, Министерството за труд и социјална политика, се посочува во реакцијата, може да дава податоци само за информации што се содржани во регистарот за кој тој е надлежен.

– За правилно информирање на јавноста, Mинистерството за труд и социјална политика не регистрира синдикални организации како внатрешни организациони единици во рамки  на грански синдикати туку води регистар на синдикати на повисоко ниво (грански синдикати, сојузи, конфедерации). Во Законот за работните односи во член 187 уредено е здружувањето на повисоки нивоа, односно согласно став 1 на овој член синдикатите можат да основаат свои сојузи или други облици на здружување во кои нивните интереси се поврзуваат на повиско ниво, стои во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Регистар на синдикатите и здруженијата на работодавачите, се додава во него, е уреден со член 190 од законот согласно кој синдикатите и здруженијата на работодавачите на повисоко ниво, се запишуваат во регистарот на синдикати, односно регистарот на здруженија на работодавачи кој се води во министерството надлежно за работите од областа на трудот.

Во регистарот се запишува: денот на основањето, називот, седиштето, подрачјето на дејствување, називот на извршното тело, името на лицето овластено за застапување и престанокот на дејствување, престанокот на овластувањето на подружницата, односно другиот облик на внатрешното организирање во правниот промет.

Според МСП, за да се запише во регистарот синдикатот потребно е да достави барање за упис во регистарот согласно член 191 со следниве документи: одлуката за основање, записникот од основачкото собрание, статутот, називот на основачот и членовите на извршното тело, името и презимето на лицето или лицата овластени за застапување и податоците за бројот на членовите на синдикатот врз основа на платена членарина.

– Оттука, сметаме дека изнесените ставови на г-дин Илиевски дека Министерството води игнорантски однос се неосновани и паушални и тенденциозни и со политичка позадина, се вели во реакцијата на МТСП.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска