Британскиот физичар Стивен Хокинг учествуваше на собир во сиднејската опера и одговараше на прашања за својот живот и работа. Во еден момент беше прекинат со прашање за судбината на One Direction откако нејзиниот член Зејн Малик го напушта бендот.
– Конечно едно прашање за нешто навистина важно, рече Хокинг и предизвика громогласна смеа кај публиката.
– Мој совет на која и да е неутешна девојка е да обрне внимание на проучувањето на теориската физика бидејќи еден ден може да постојат докази за тоа дека постојат неколку вселени, одговори Хокинг.
– Не е невозможно некаде надвор од нашата вселена да постои уште еден и таму да е Зејн и уште да е член на ONe Direction, изјави славниот автор на „Кратка историја на времето“ и кој веќе половина век, спротивно на прогнозите, живее со амиотрофична латерална склероза.
Малик минатиот месец, по пет години постојани турнеји, го напушти бендот, објаснувајќи дека сака да живее нормален живот.