Државата внимава на децата без родители

Од:

Сите деца без родителска грижа кои се или биле институционално згрижени во домовите за деца без родители и на никаков начин го немаат решено станбеното прашање по нивното напуштање ќе добијат стан од државата, одлучи Владата на вчерашната седница.

Во моментов, како што информира на денешната прес-конференција, владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, во Македонија има 154 деца без родители кои ги напуштиле домовите и немаат решено станбено прашање. Годишно по осум до 12 лица ги напуштаат домовите по исполнување на полнолетството.

За решавање на станбеното прашање на овие лица, рече Ѓорѓиев, Владата побара од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор да издвои по 10 проценти од становите што се во изградба, како и од оние што дополнително ќе се градат. Исто така, станови ќе бидат обезбедени и од веќе постојните капацитети на ова акционерско друштво.

– На ваков начин се очекува за една до една и пол година да бидат станбено обезбедени сите деца кои досега го немале решено ова прашање. До крајот на годинава 20 до 30 станови од постојните капацитети на акционерското друштво ќе бидат распределени на оваа категорија лица, рече Ѓорѓиев.

Во насока на подобрување на условите за живот на оваа социјално ранлива категорија, Владата зазела став дека на овие лица треба да им се овозможат приоритети при вработувањата.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска