Војските на Нигер и Чад почнаа денеска копнена и воздушна офанзива против ектремистите од групацијата Боко харам во североисточна Нигерија.
Цел на офанзивата се екстремистите од северната нигериска држава Борно.
Локалните жители и хуманитарните работници изјавија дека во близина на нигерско-нигериската граница се слушаат истрели од тешка артилерија.
Офанзивата е преземена, откако Боко харам вчера објави на интертнет аудио порака, во која се заветува на лојалност кон групацијата Исламска држава, што беше реакција на воениот притисок на Нигерија и нејзините сојузници.
Лидерот на Боко харам, Абубакар Шекау ги повика во аудио пораката муслиманите ширум светот да се заветат на лојалност на лидерот на ИД Абу Бакр ал Багдади.