Ѓоковиќ лесно до полуфиналето во Пекинг

Од:

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ лесно се пласираше во полуфиналето на Отвореното првенство на Кина во Пекинг.

За помалку од еден час го елиминираше Австриецот Јирген Мелцер со резултат 6:1, 6:2 во сетови. Противник во борбата за финалето ќе му биде Германецот Флоријан Мајер кој беше подобар од Кинезот Зе Женга (6:3, 6:4).

Во второто полуфинале ќе се сретнат Французинот Жо-Вилфред Цонга и Шпанецот Фелисијано Лопес. Цонга го елиминираше Русинот Михаил Јужни со 6:3, 6:2, а Лопес во три сета го победи Американецот Сем Квери 4:6, 6:4, 6:4.

 

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех