И овогодишното доделување на филмските награди Оскар не мина без гаф на Џон Траволта.
По ланската непријатност кога погрешно го прочита името на пејачкаката Идина Менцел, Траволта оваа година повторно се пострамоти, но сега камен на сопнување беше Скарлет Јохансон.
Имено, додека Јохансон на фотографите им позираше на црвениот килим, Траволта се појави од позадина и ја бакна во обрзот, што предизвика зачудувачки израз на лицето на Јохансон.
Очекувано, реакциите на социјалните мрежи беа дека потегот на Траволта бил „лигав“ и помалку „гаден“.
Заедницата на популарната социјална мрежа Редит неславниот момент на црвениот тепих на Траволта го одбележа со разни фотомонтажи каде тој се појавува со Ким Џонг-Ун, Владимир Путин, Том Круз, Статуата на слободата…