Армиски сили на Чад ликвидирале вчера 207 припадници на радикалната група Боко Харам во акции во севроисточна Нигерија, во близина на границата со Камерун.
Армијата успеала да заплени и големо количество оружје и муниција на екстремистите.
Во акциите загинал еден војник на Чад и деветмина се ранети. Армиски сили на Чад од јануари учествуваат во операции против единици на Боко Харам во Камерун, Нигер и Нигерија.