Модната комбинација во која Лејди Гага во неделата се појави на овогодишното доделување на оскарите, за кусо време стана главна тема за потсмев на социјалните мрежи.
Американските медиуми оценуваат дека се добива впечаток оти корисниците на социјалните мрежи како едвај да го чекале појавувањето на пејачката во вакво издание.
Лејди Гага на оскаровската манифестација носеше бел фустан во комбинација со црвени ракавици.
Со ваквиот стајлинг 28-годишната пејачка на многумина им наликувала како да носи гумени ракавици за чистење, што беше искористено за многу нови фотографии изработени во Фотошоп.