Нигерискиот претседател Гудлак Џонатан побара помош од САД за справување со исламистите од групата Боко Харам.
– Нели САД веќе се борат против Исламската држава (ИД)? Тогаш зошто не ни помогнат и нам? Зошто не дојдат во Нигерија?, запраша Џонатан во интервју за весникот „Волстрит Џурнал“,
Тој нагласи дека САД се пријатели на Нигерија, па затоа земјата очекува „Американците да дојдат и да и помогнат“,
Апелот на Џонатан уследи откако припадници на Боко Харам го нападнаа градот Гомбе во североисточна Нигерија. По жестоките борби со припадници на нигериската армија, исламисите се повлекоа од градот.