„Во ред, ја разбрав пораката, нема ништо да коментирам“ – рече Душко Вујошевиќ, тренерот на кошаркарите на Партизан од Белград, после изрекувањето на казната од три натпревари суспензија.
Во натпреварот од АБА лигата против Задар, Вујошевиќ после вербалниот напад врз судијата ја заработи втората техничка грешка и беше исклучен од натпреварот.
Партизан без Вујошевиќ ќе настапи на натпреварите против Крка,Цибона и Широки.