Куќата на Ејми Вајнхаус, каде таа живееше и почина, се продава за 2,7 милиони фунти.
Имотот во Лондон, беше ставен на продажба од нејзиниот татко Мич Вајнахаус, кој го користеше местото како седиште на Фондацијата Ејми Вајнхаус, по нејзината смрт. Ејми ја купила куќата во април 2010. година за 1.8 милиони фунти и иако првично семејството сакаше да ја задржи, подоцна решија да ја продадат.
„Семејството Вајнхаус, со големо жалење, одлучи да ја стави на продажба куќата на Ејми. Таа ја сакаше куќата, но никој од семејството не сметаше дека е пристојно да живее во неа.
– Не е практично да се задржи празна. Тоа е прекрасно место за живеење и ќе биде убав семеен дом за некој друг“, рече портпаролот на семејството Вајнхаус, за весникот The Sun.