Стефановиќ: Пронајдено е леталото, албанската страна сакала да предизвика нереди

Од:

Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ изјави денеска дека е пронајдено леталото со кое знамето на т.н. голема Албанија беше спуштено на стадионот на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија и оти истрагата покажува дека планот на албанската страна бил да се предизвикаат нереди.

Тој истакна дека „сите факти во истрагата…укажуваат дека виновник е албанската страна која со тоа сакала да ги испровоцира српските навивачи“.

dronBlic

Стефановиќ додаде и дека е очигледно оти „планот им бил да предизвикаат немири на стадионот“ и оти „изјавите на челниците на албанската Влада укажуваат дека сите знаеле каква провокација се подготвува бидејќи тие во целост го оправдуваат однесувањето на сите лица кои во тоа учествувале“.

dronBlic1

– Ако Албанија смета на европски вредности, врадности на т.н. голема Албанија, тогаш Република Србија по никоја цена не може да ги споделува бидејќи сметам дека тие не се доволно зрела држава да се приклучи на европското семејство, нагласува Стефановиќ.

Министерот додаде и дека полицијата го пронашла тн.н дрон кој ќе биде испратен на вештачење за да се одреди производителот, каде е и како купен.

Би можело да ве интересира

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана