Демант на Министерството за труд и социјална политика

Од:

„Во име на вистината Министерството за труд и социјална политика ги демантира наводите и невистините изнесени во написот “Пензионерите ги плаќаат бесплатните бањски услуги” објавен на Вашиот портал!

Ве информираме дека  Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија врши исплата на средства за солидарен фонд на член на семејство на починат корисник на пензија во висина од 30.000,00 денари согласно со Одлука донесена од регистрираната организација на Сојузите на здруженијата  на  пензионери на  Македонија, која  секоја  година се  објавува   на  почетокот  на годината.

Во однос на наводите дека Фондот на ПИОМ врши задршка на дел од пензијата за користење на услугата бањско климатска рекреација на корисник на пензија бидејќи починал, Ве известуваме дека оваа услуга е бесплатна за корисниците на пензија, односно средствата за користење на услугата од Буџетот на Република Македонија се префрлуваат на сметките на бањите-правните лица. Согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување Фондот на ПИОМ врши задршка на дел од пензија (најмногу до 1/3) само доколку постои правосилно решение од извршител за задршката која треба да се изврши.

Да појасниме. Средствата за посмртна помош-солидарен фонд се водат на посебна сметка и како номинален износ од 30.000,00 денари директно, без можност за било каква промена во износот, се префрлуваат на трансакциска сметка на лицето коешто бара во име на починатиот. Ако ова лица има некаков долг кон друг субјект тогаш при секој нов прилив по административна или друга законска основа му се повлекуваат средства од неговата трансакциска сметка. Само во таков случај е можно да се добие помал износ, но не заради тоа што Фондот уплатил помалку, туку заради постојниот долг на лицето што бара во име на починатиот!

Фондот на ПИОМ не врши исплата  на  посмртната  помош до  членот  на  семејството кој поднел барање се додека не се вратат повеќе исплатените средства по основ на пензија  по денот на смртта. Имено, доколку до Фондот на ПИОМ не е доставено известување дека  корисникот на пензија починал  и  исплатата на  пензијата  му  се  врши  и по деновите по смртта за што нема основ, во вакви случаи, при  поднесување  на  барање  за  исплата  на  посмртната  помош од  членот  на  семејството  потребно е прво  да  се изврши  поврат, односно  уплата  на  повеќе  исплатените   средства  за пензија  на  починатиот  корисник  на  пензија по денот на смртта, а  потоа  на  неговата  трансакциска  сметка  од  наменската  сметката на  Фондот  во  Трезорот –средствата  за  исплата  на  солидарен фонд му се  дозначуваат  средствата   за  посмртна  помош  во  целост од  30.000,00  денари.

Во спротивно, доколку членот на семејството не изврши поврат на повеќе исплатени средства за пензија по смртта на починатиот, Фондот на ПИОМ не врши исплата на средствата за солидарен фонд. Сметката за солидарен фонд е наменска сметка во Фондот која се води во  Трезорот –средства  за  исплата  на  солидарен  фонд  и единствено може да се врши исплата на износ од 30.000,00 денари, а не дел од оваа сума“, се вели во демантот на Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска