Фановите на украинската актерка и модел Олга Куриленко се веќе запознаени со нејзината фантастична фигура, главно од филмот „Quantum of Solace“, каде играше Бонд девојка.
Во ТВ шоуто „Magic City“, Олга, покажа дека е одлична танчерка. Уште како тинејџерка, таа посетувала часови по балет, а од неодамна почна повторно да се занимава со танцување токму поради учеството во ова шоу.
Колку таа е флексибилна покажа за снимањето на списанието „Complex“, при што актерката се „протегна“ облечена во мрежасти хулахопки и трико.