Чарли Шин сака да се врати во „Два и пол мажи“

Од:

Чарли Шин наскоро ќе го заврши снимањето на сто нарачани епизоди на серијата „Anger Management“,  а некои тврдат дека тоа значи и крај на оваа серија.

Но, наскоро завршува и снимањето на неговата некогашна серија „Два и пол мажи“, па Шин изрази желба да учествува во снимањето на последната епизода.

Шин за ТВ Гајд изјави дека веќе разговарал со продуцентите и им предложил да се врати.

– Се обидуваме да согледаме што би имало најмногу смисла. Ако го прифатат мојот предлог и посакаат да ме вклучат во последната епизода, ќе им бидам на располагање, а овој пат ќе се појавам на време. Ако не прифатат, нивна работа, вели тој.

Некои сепак сметаат, дека тоа нема да се случи ако го земеме предвид начинот на кој Шин го напушти снимањето, но и затоа што сценаристите биле присилени да го убијат ликот на Чарли.

Но, од друга страна, продуцентите најавија и големо изненадување, а Шин и продуцентите со време ја ублажија реториката и донекаде ги изгладија несогласувањата.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска