Кајли Миног, какo и нејзината сестра Дени, се познати по големиот број на естетски операции и големата приврзаност кон ботоксот, без кој не излегуваат во јавност.
Но по долгите години на сокривање, се чини дека австралиската пеачка го прифати фактот дека е време да престане.
Кајли се појави на премиерата на филмот Holy Motors во кој и самата глуми, во преубав свечен фустан и изгледаше прекрасно во нејзината 44. година, но сепак се видоа нејзините први брчки.