Новата Мис на Америка e Мис Њујорк, Кира Казанцев, а во тоа и помогна црвената пластична чаша.
На Кира талентот е пеењето, а ја изведе „Happy“ на Фарел седејќи и ударајќи со пластичната чаша по подот. Комбинацијата на пластична чаша, не особено импресивна вокална изведба и една од најпуштаните песни на сите времиња, резултираше со бесни коментари на гледачите, поставени на социјалните мрежи.
Таа пак тврди дека ја инспирирала сцената од филмот „Pitch Perfect“ каде актерката Ана Кендрик за време на аудицијата изведува песна со помош на чаша, а додава и дека еден од причините е и тоа што на идните кандидатки сакала да им даде до знаење дека нивниот талент може да биде што било, независно од тоа што другите мислат.
– Во тие минута и 30 секунди, се забавував како никогаш во животот, а тоа е затоа што останав верна на себе и го направив она што ми падна на ум, а не она што ми зборуваат другите. И се исплатеше, среќна сум поради тоа, вели Казанцев.