А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Велес и велешко 25 деца се згрижени во згрижувачки семејства

by А1он12/09/2014 - 17:39158
Share0

Стручен тим од Центарот за социјална работа од Велес во рамките на кампањата на Министерството за труд и социјална политика „На секое дете му е потребно семејство“ попладнево во Велес одржа трибина наменета за сите заинтересирани граѓани кои сакаат да згрижат деца без родители и родителска грижа.

Добивај вести на вибер

На трибината стручниот тим од Центарот составен од социјален работник, правник и психолог ги информираа сите заинтересирани граѓани за критериумите за поднесување на барање за згрижување на дете, а по што присутните поставуваа прашања.

Исмаил Дурмишовски кој веќе повеќе години згрижува вакви деца пред присутните говореше и пренесе свои искуства од згрижувањето на деца, а во изјавата за медиумите кажа дека искуствата му се позитивни и ги повика сите граѓани кои имаат услови да згрижат деца.

Како што информира за медиумите Нада Трајкова од Центарот за социјална работа во Велес, згрижувачки семејства во Велес има од 2004 година а во моментов се осум згрижувачки семејства кои згрижуваат 15 деца. Воедно вкупно 25 деца од Велес и велешко се згрижени и во други згрижувачки семејства во земјава.

Трајкова потенцира дека целта на оваа кампања е да се зголеми бројот на згрижувачки семејства.

-Искуствата покажаа деке условите за раст и развој на децата се многу подобри за разлика од институционалниот облик на згрижување на овие деца без родители и родителска грижа, затоа ние правиме напори да допреме до оние граѓани кои имаат хуманост и услови да згрижат вакви деца, потенцира Трајкова.

Воедно освен парична надомест овие згрижувачки семејства добиваат и други поволности од државата. Со новите измени на законот, ако некој не остварил право на пензија по друг основ, а во последните пет година до полнење на 62 години од животот активно згрижувал деца, може да оствари право на згрижувачка пензија од државата, појасни Трајкова.

socijala

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски06/07/2022 - 12:0706/07/2022 - 12:46

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски24/11/2020 - 22:3225/11/2020 - 08:37

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска09/11/2020 - 16:5809/11/2020 - 17:08

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он08/05/2020 - 21:20

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска08/05/2020 - 14:2808/05/2020 - 15:02

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска03/02/2020 - 14:5703/02/2020 - 14:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен