Меморандум за соработка во областа на трудот и социјалата меѓу Македонија и Естонија

Од:

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и министрите за социјална заштита и за здравство и труд на Естонија Хелмен Кит и Урмас Крусе потпишаа Меморандум за соработка во областите на трудот, вработувањето и социјалната политика.

Согласно Меморандумот, соработката во наредните три години ќе се одвива пред сè во областа на вработувањето, развивање и имплементација на политики за вработување, социјалната заштита, односно развивање и имплементација на политики и  мерки за справување со сиромаштијата и социјалната исклученост на лицата кои се доведени во каков било вид на социјален ризик. Ќе се соработува и во областа на заштитата на правата на децата, со посебен акцент на згрижување на децата со посебни потреби, системот на социјална сигурност, заштита при работа, еднакви можности на жените и мажите, како и активностите поврзани со започнувањето на водење преговори за членство во ЕУ.

– Со меморандумот кој денеска го потпишуваме верувам дека започнуваме долгогодишна соработка. Овој меморандум е почеток на воспоставување силни врски и плодна соработка меѓу ресорните министерства и успешна реализација  на проекти и иницијативи во наредниот период, рече министерот Спасов по потпишувањето на Меморандумот.

Притоа тој им заблагодари на колегите Кит и Крусе за заложбите за продлабочување на соработката помеѓу двете држави и за споделување на искуствата од областите на трудот, вработувањето и социјалната политика.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов од вчера е во работна посета на Талин, Естонија. Во рамките на посетата министерот Спасов ги посети Министерството за социјални прашања, Одборот за социјално осигурување, Центарот за професионална рехабилитација на Астангу, како и на Фондот за осигурување на невработени. На средбите се дискутираше за осигурувањето на невработените лица во Естонија и услугите за вработување. Акцент беше ставен и на реформите и услугите за вработување на лица со посебни потреби.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска