Министерот Спасов во посета на Талин

Од:

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска и утре престојува во работна посета на Талин, Естонија.

Спасов, како што сопштиМТСП, ќе има средби со министерот за социјална заштита на Естонија, Хелмен Кит и со министерот за здравство и труд на Естонија, Урмас Крусе, при што ќе бидат разменети мислења за социјалните услуги, мерките за вработување, како и за други прашања кои се од интерес на граѓаните од двете држави.

Министерот Спасов ќе ги посети Министерството за социјални прашања, Одборот за социјално осигурување, Центарот  за професионална рехабилитација на Астангу, како и на Фондот за осигурување на невработени. На средбите ќе се дискутира за осигурувањето на невработените лица во Естонија и услугите за вработување. Исто така, акцент ќе биде ставен и на реформите и услугите за вработување на лица со посебни потреби.

Во текот на посетата ќе биде потпишан Меморандум за  соработка меѓу Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и Министерството за социјални прашања на Република Естонија во областите на трудот, вработувањето и социјалната политика.

– Со оглед на тоа што Естонија е земја членка на Европската Унија, нивните искуства, сознанија и научени лекции ќе бидат од голема помош при изработката на стратешки документи, законска регулатива и дефинирање на  идните проекти.
Соработката ќе се одвива преку размена на експерти, заемно учество на семинари, конференции и други меѓународни настани, кои ќе бидат организирани на териториите на двете земји, реализација на студиски посети на вработените од двете министерства, како и реализација на проекти кои се од заеднички интерес за двете министерства, се наведува во соопштението од МТСП.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска