На Интернет веќе одредено време кружат снимки на кои многубројни славни личности се полеваат со студена вода во т.н. „леден предизвик“, во рамки на хуманитарна акција.
Станува збор за „ледениот предизвик“ на организацијата АЛС, со кој славните на себе излеваат кофа со студена вода, при тоа донираат пари и потоа предизвикуваат друга личност да го стори тоа во рок од 24 часа.
Сега тоа го стори и ќерката на познатиот актер Жан Клод Ван Дам, преубавата 24-годишна Бјанка Бри Ван Дам.
Како и нејзиниот татко Бјанка направи шпага, ги стегна своите мускули на рацете, а потоа ја полеаја со вода.
Инаку Бјанка Бри тргна по стапките на татко и и својата кариера ја посвети на глумата. Досега играла во неколку филмски остварувања, а како и нејзиниот татко ги обожува боречките вештини.