Калчолигашот Наполи ја победи Барселона со 1:0 во пријателски натпревар одигран синоќа во Женева, Швајцарија.
Стрелец на победничкиот гол за италијанскиот клуб беше Блерим Џемаили во 80.минута по големата грешка на новиот голман на Каталонците Клаудио Браво.
Претходно чилеанскиот голман имаше одлична одбрана по ударот на Марек Хамшик.
Освен Браво, на овој дуел прв настап во дресот на Барселона имаше и хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ.
Барселона во својот состав ги немаше двете најголеми ѕвезди, Лионел Меси и Нејмар.