Спасов ги посети летувалците во „Мајски цвет“

Од:

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска ги посети децата, кои ја користат бесплатната услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и корисници на посебен додаток во Детското одморалиште „Мајски цвет“ во Струга.

Во одморалиштето во моментот претстојуваат 250 дечиња од социјално ранливи категории. За успешноста на проектот, според Спасов, говорат насмевките на дечињата и незаборавното време што го поминуваат на охридското крајбрежје.

– За позитивноста на проектот говорат и родителите, бидејќи сите што немаат доволно средства да ги испратат своите дечиња на одмор преку овој проект им го овозможуваме тоа. Станува збор за проект со кој се опфатени околу 2.000 деца од семејствата од социјален ризик и примателите на социјална парична помош, деца со пречки во развој и деца без родители и родителска грижа, изјави Спасов по посетата и ручекот со летувалците.

Директорот на „Мајски цвет“ Јован Паскоски информира дека за време на одморот децата имаат посебна програма за забава и рекреација, посети на театар, а се дружат и со писатели за деца.

– На плажа има професори кои ги учат да пливаат деца што незнаат. Покрај летувањето ќе имаат можност да научат да пливаат, истакна Паскоски.

За грижата на децата задолжени се волонтери на Црвениот крст. – Улогата на волонтерите е да се грижат за воспитниот, згрижувачкиот и рекреативниот дел. Дечињата заедно со нашите волонтери ги посетуваат плажите, кои се обезбедени со спасители на вода, изјави Адуриме Даути, секретар на ЦК Струга.

Министерот Спасов беше придружуван од пејачот Влатко Лозаноски, кој нагласи дека секогаш е присутен за хумани цели.

Преку владиниот проект за одмор и рекреација на деца од социјално ранливи категории што почна да се реализира од 2012 година опфатени се околу 6.000 дечиња. Ова лето ќе бидат опфатени околу 2.000 дечиња, а проектот ќе продолжи и во зимскиот период. Ова лето во „Мајски цвет“ пресојуваа 680, а планирани се уште пет смени со 1.070 деца.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска