Илјадници оправдувања, за на крај да признае дека е во врска

Од:

Иако со сите сили се трудеше да ги негира информациите дека е во нова љубовна врска, особено по нападите на нејзиниот поранешен сопруг Сил како била неверна во брак, Хајди Клум конечно призна – имам нов дечко.

Во интервјуто за Кејти Кјурик, 39-годишната манекенка сепак призна како е во врска со својот телохранител Мартин Кристинсен.

Откако беше фатена од папараците, во прилично интимни пози со својот телохранител, на одморот на Сардинија, Хајди мораше да прозбори.

На прашање на Кејти Кјурик дали е во врска, Хајди одговори: „Не знам дали можам да го наречам врска, само што започна и се е ново. Навистина не знам. Да, се работи за мојот телохранител, кого го познавам веќе четири години, се грижеше за целото наше семејство, главно за децата, на што сум му многу благодарна“.

Без размислување би му ги доверила животите на своите деца, тој е фантастичен човек, но сега го запознавам од една сосема друга страна, па ќе видиме како ќе испадне – страмежливо раскажала убавицата.

Хајди која е мајка на четири деца долго тврдеше дека нема нов маж во нејзиниот живот по разводот со црномурестиот пејач Сил. Но очигледно сепак успеала да најде љубовна среќа и по распадот на бракот.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска