Актерката Синтија Никсон, позната по улогата на Миранда Хобс во серијата „Сексот и градот“ и нејзината долгогодишна партнерка Кристина Мариони се венчаа, по осум години врска.
Никсон беше облечена во креација на Каролина Херера.
Синтија и Кристина се запознале 2002-ра, а се верија пред три години, меѓутоа не сакале да се венчаат се додека не се легализираат истополовите бракови во Њујорк.
Никсон од претходниот брак има две деца, а со Кристина има едногодишен син. Идентитетот на таткото не сакаат да го откријат.