Јоце Панов најдобар во првата полуфинална вечер на „Макфест“

Од:

На сцената на Домот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, на првата полуфинална вечер на фестивалот „Макфест 2014“ се претставија 15 изведувачи од кои само девет продолжуваат во финалето. Меѓу нив на врвот на листата со најубедливо водство се најде штипјанецот Јоце Панов.

Откако освои 15 интернационални награди на најреномираните фестивали во регионот, пејачот Јоце Панов по цели 6 години пауза се врати на македонскиот фестивал „Макфест“ и настапи под реден број 01, а така и заврши со убедливи 898 гласови.

Песната со која Јоце настапи пред своите сограѓани во родениот Штип е насловена како „Само немој да молчиш“, а како автори на песната се потпишуваат Бане Опачиќ (музика), Владо Јаневски (текст) и Слоба Марковиќ (аранжман).

Би можело да ве интересира

Со кревањето на фестивалското знаме, започна „Макфест“

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

Завршен изборот на композиции на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска