Вистината за четворицата кралеви

Од:

Сигурно до сега барем еднаш сте слушнале дека четири крала во шпил карти за играње ги претставуваат Карло Велики, Давид, Цезар и Александар Македонски? Меѓутоа, тоа не е правата вистина. Потеклото на европските карти за играње е многу дискутабилно, сметајќи дека постојат наводи дека дошле од Кина, Индија и Персија. Наспроти недостигот на конкретно знаење за тоа од каде дошле картите за играње, можеме со голема веројатност да утврдиме кога се појавиле во Европа.

Иако италијанскиот поет и хуманист Франческо Петрарка (1304-1374) патувал по светот кој тогаш бил познат и многу пишувал за патешествијата, во ниту еден свој дел не ги навел картите за играње, иако покрил теми како коцката и коцкањето. Исто така, неговиот пријател и современик Бокачо никаде не оставил пишана трага за картите. Во декретите кои ги издала Црквата во 1363 година и Карло Петти од Франција во 1369 година, забранувајќи ги игрите со коцкање, игрите на среќа и разни спортови, исто така не може да се најде ништо за картите. Сепак, во проповедите на германскиот монах под името Јохан, се вели дека карташките игри ни стигнаа оваа година, која е MCCCLXXVII Господова година, а издадени се и забрани за картите од страна на Хуан од Кастилја и градовите Фиренца и Базел истата 1377 година. Градот Регензбург идната година и Кнежеството Брабант во 1379 година. Значи, можеме да бидеме сигурни кога ќе кажеме дека картите за играње првпат стигнале во Европа во втората половина во 14 век.

Составот и изгледот на шпиловите се разликувале како временски така и географски, посебно по бројот на картите во шпилот, но спојот на картите со броеви и слики и поделбата на картите во различни одела, биле стандарди карактеристики од почетокот. Италијанските шпилови имале 56 карти, вклучувајќи четири типа на карти крал, кралица, витез и момче и биле поделени во четири видови, пехари, мачеви, парички и палки. Како што се ширела нивната популарност во Европа, така побарувачката за карти значително се зголемина. Како последица, картите станале поефтини и масовно се произведувале, за разлика од дотогашните рачно боени карти. Во тој период, момчињата биле исфрлени од шпиловите и составот на стандарден шпил бил сведен на бројка од 52 карти.

Кога Шпанците го прифатиле картањето, кралицата ја замениле со коњаници (caballeros). Германците слично ја исфрлиле кралицата од шпиловите и ги именувале штиховите; крал (könig), виш човек (obermann) и понизок човек (untermann). Германските карташи исто така ги модифицирале видовите, менувајќи ги претходните француско-италијански симболи со свои звончиња, срца, лисја и желади. Французите направиле дополнителни промени, го исфрлиле оберманот и повторно ја вовеле кралицата. Исто така ги усвоиле германското срце и листовите кои подоцна станале познат симбол ПИК и ги замениле ѕвоната со дијаманти (од француското Каро, каде со восок била насликана калдрмата која се користи во црквите).

Во текот на годините, разни научници ја изнеле идејата дека четирите шпила на карти треба да претставуваат четири класи на средновековното општество. Италијанските пехари или трофеи, ја симболизираат Црквата, мачевите војската, паричките трговците, а палките селанството. Слично, германските ѕвона (посебно ѕвоната на соколите) го симболизираат благородништвото, поради нивната љубов кон соколарството, срцата ја симболизирала Црквата, лисјето средната класа, а желадите селанството. На француските карти, пиковите ја претставуваат аристрократијата, како шилците на копјата, оружјето на витезите, срцата уште еднаш ја претставуваат Црквата, дијамантите знак на богатство, по поплочениот камен кој се користи во црквите каде биле погребувани големи луѓе, а детелината (храна за свињите) го означувала селанството. Ова секако се историски шпекулации.

Француските симболи на видовите претставувале полесна матрица и француските карташи сфатиле дека не мора посебно да ги гравираат сите 12 штихови, како што правеле нивните германски соперници. Французите едноставно направиле еден дрвен блок или бакарна плоча за секој од трите штиха, ги отпечатиле картите на нви и подоцна само ги умножувале видовите. Французите така биле во состојба да ги надминат Германците во производството, така францускиот дизајн на крај станал стандард за поголемиот дел од Европа.

Од прилика во тоа време Француските производители на карти почнале да доделуваат имиња на насликаните штихови. Сите штихови биле именувани, не само кралевите, а идентитетите кои им биле припишувани (и одпечатени на картите) во никој случај не биле доследни. Изборот на имињата се разликувал од мајстор до мајстор, често без никаква причина освен лична преференција или каприц. Поранешниот избор на имиња вклучувал кралеви како Соломон, Август, Хлодовех и Константин, но во текот на вториот дел од владеењето на Анри Четврти до 1553 до 1610 година, имињата биле речиси стандардизирани и ги претставувале Карло Велики срцето, Давид пиковите, Цезар дијамантите и Александар Велики палките.

Имињата на кралиците, т.е. дамите – Јудит или Јудик е срцето, Палада пиковите, Ракел дијамантите и Аргина палките, континуирано се предмет на шпекулации, сметајќи дека вистинските личности кои би требало тие да ги претставуваат не се толку лесно идентификувани. Некои веруваат дека нивното потекло ја вклучува царицата Јудит, снаа на Карло Велики, или Изобел од Баварија жена на Карло Шести и мајка на Карло Седми, за ликот Јудит, Јованка Орлеанка истоимена грчка богинка на војната позната и како Атина за Палада; Агнеса Сорел жена на Карло Седми или Јунона кралица на боговите во римската митологија за Аргина: Аргина само по себе е анаграм за регина, што значи кралица. Интересно е дека имињата на жандарите или витезите останале константни: Ла Ире (Етјен де Вињол, витез и херој на Франција, како жандар на срцето, Огијер еден од витезите на Карло Велики од Шансон де шест и витез кој е киднапиран од страна на вештицата Морган ла Феј во легендата за кралот Артур) како жандар на пиковите, Хектор тројански јунак како жандар на дијамантите и Ланселот витез од легендата за Артур како жандар на палките.

Француската пракса за печатење на имиња на штиховите станала минато по Француската револуција кон крајот на 18 век. Откако републиканските револуционери ги обезглавиле Луј 16 и Марија Антоанета, симболите на монархијата биле многу непосакувани во Франција. Мајсторите за изработка на карти ги симнале и круните и жезлата од плочите за печатење или круните ги замениле со капи на слободата. На крај, штиховите заедно биле елиминирани во корист на други симболи кои не биле во судир со јакобинските принципи.

Значи, штиховите и шпиловите на карти за играње од почеток немале имиња. Доделувањето на имиња на кралевите како и на дамите и жандарите било привремена пракса единствена за француските производители на карти која почнала кон крајот на 18 век. Кралските прилики на модерните карти за играње повеќе не претставуваат одредени лица, исто како што тоа не се кралицата и кралот во шаховските фигури.

Национална географија

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска