Јужноафрикански политичар го исполни ветувањето дека ќе си ја изеде шапката доколку неговата партија лошо се претстави на парламентарните избори, одржани во средата, јави ДПА.
Мосиуоа Лекота, лидер на малата партија Конгрес на народот ја зеде шапката која му ја подадоа новинарите, а која беше полиена со доматен сос.
– Не тврдам дека докрај ќе ја изедам шапката, се пошегува тој.
– Повеќето од забите ми се извадени, но ќе дадам се од себе за Јужноафриканците да не ме обвинат дека не си стојам на зборот, рече политичарот. Потоа ја фати шапката и неколку пати гризна.
Партијата Конгрес на народот се оддели од владејачката Африкански национален конрес и освои околу 120.000 гласови, што е значително помалку од освоените еден милион гласови на изборите во 2009 година.