Династијата Монако го бојкотира Филмскиот фестивал во Кан

Од:

Династијата Монако ја сочинуваат принцот Алберт Втори, принцезите Каролина и Стефани и оваа година ќе го бојкотираат Филмскиот фестивал во Кан, бидејќи сметаат дека филмот „Grace of Monaco“ го искривува вистинскиот живот на принцезата Грејс Кели.

Целта на филмот „Grace of Monaco“ не била реално да го прикаже животот на Грејс Кели, принцот Рајнер и нивните три деца, туку комерцијализација и искривување на историјата.

Во напишаното соопштение на принцот и принцезата се наведува дека е игнорирана поддршката која тие ја дале при пишување на сценариото за филмот, како и дека тие нема да присуствуваат на отворањето на фестивалот во Кан.

nikol-kako-grejs-keli

Филмскиот фестивал во Кан ќе почне на 14 мај, надвор од натпреварувачката проекција со филмот „Grace of Monaco“, на францускиот кинематограф Оливер Дохан, во кој е прикажана приказната за Принцезата од Монако, познатата глумица Грејс Кели, која загина во сообраќајна несреќа, а чиј лик е познатата глумица Никол Кидман.

Славната холивудска глумица Грејс Кели во 1954 година се запознала со принцот Раинер трети, на премиерот на филмот Le crime etait presque parfait на Алфред Хичкок одржан на канскиот филмски фестивал, а потоа се омажила за него и ја завршила својата кариера како глумица.

Принцезата од Монако Грејс Кели загина во сообраќајна несреќа на 14. септември во 1982 година.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Монако го купува Минамино

А1он

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска