Иако е многу активна деловна жена и страствен љубител на модата, високи штикли и црвен тепих, Викторија Бекам секогаш наоѓа време за своето бројно семејство.
Па така во оваа прилика ја гледаме како за тренингот на најголемиот син Бруклин, одбрала широка сива маица и развлечени тренерки, а на нозете јако зелени патики.
Иако популарната трендсетерка изгледаше младешки и симпатично, сепак веруваме дека Пош не е среќна што беше уловена од камерите, во такво за неа нетипично издание.