Поранешните партнери Џони Деп и Ванеса Паради одлучија цивилизирано да се раздвојат. Освен тоа што и понатаму заедно се грижат за децата, новиот партнер на Ванеса доби „зелено светло“ од холивудскиот актер.
Ванеса Паради и еден од напосакуваните француски ергени, Гај-Давид Гарби, се запознаа за време на еден лет од Лос Анџелес кон Париз. Летниот одмор го поминаа заедно, а се „шушка“ дека се во сериозна врска.
Гарби е сопственик на компанијата Usinedeco, која ја нарекуваат француска IKEA.