Пливачот Мајкл Фелпс навистина знае како да победи. Човекот кој освои најмногу медали на Олимписките игри во историјата, неделава го „освои“ и Лас Вегас.
Според информациите од некои извори на „ТМЗ“, по завршувањето на Олимписките игри, Фелпс отишол на патување со пријателите. Почнувајќи од Малдиви, па се до неделава во Лас Вегас.
Со нив седнал да игра покер во казиното „Цезар палас“, па по успешната игра пливачот си заминал со освоени 100.000 долари.
И ништо немало да биде интересно, ако со парите си заминал директно дома, туку напротив, веднаш започнала луда журка, вечери и посета на ноќен клуб.