Актерот Брус Вилис гостувал во емисијата кај Дејвид Летерман, па ја искористил можност да ги исмее Роберт Патинсон и Кристин Стјуарт, кои раскинаа бидејќи Кристин имала афера со оженетиот режисер Руперт Сандерс.
Малку сум растргнат во последно време, изгубив пријатели… Кристин и Роб, Бела и Едвард, тие раскинаа! Добога, требаше да останат заедно до крај на животот – рекол Брус Вилис, глумејќи тага и солзи.
Славниот актер не е единствен кој се пошегувал на сметка на ѕвездите на филмот „Самрак сага“. Тоа го направи и комичарот Вил Фарел гостувајќи во емисијата на Конан О‘Брајан.
Кристин го изневери Роберт. Раскинаа и никогаш нема да се смират. Имаа нешто посебно, беа вљубени, а таа сето тоа го отфрли – рекол Фарел, исто така глумејќи дека плаче, и ја нарекол Кристин „trampire“ (вампирка-пачавра).