Србија ја укинува претплатата за РТС

Од:

За неколку месеци целосно ќе биде укината претплатата за српската државна телевизија РТС, објави „Блиц“, а го пренесоа и другите српски медиуми.

Ќе бидат укинати уште 35 давачки који ги плаќаат граѓаните.

Министерот за финансии и економија Млаѓан Динкиќ, неодамна најави дека новата влада наскоро ќе укине околу 104 од 371 неданочни приходи. Засега, бројот падна на 35 – 40 надоместоци, меѓу кои е и ТВ претплата.

Освен претплатата која е омразена меѓу народот, ќе биде укината и „фирмарината“ за малите претпријатија, надоместоците за шумско, градежно и обработливо земјиште.

Се проценува дека граѓаните и стопанството на тој начин можат да заштедат од 10 до денолку десетина милијарди динари.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени