Новата сезона на британскиот музички натпревар „Х фактор“ привлече големо внимание уште на почетокот, минатиот викенд, со појавата на сцена на младите таленти. Но, да остане публиката постојано заинтересирана, организаторите за понатаму најавија бројни ексклузивни гости меѓу кои Мајкл Џексон, Ејми Вајнхаус и Елвис Присли.
Магазинот „NME“ пишува дека познатиот продуцент на шоуто, Сајмон Кауел планира во новата сезона, освен талентираните натпреварувачи, на сцената да ги донесе починатите музички ѕвезди користејќи нивни 3 – де холограми.
Ова ќе биде дефинитвно незаборавно ТВ искуство, имајќи предвид дека на заедно ќе можат да настапат комбинации од Ејми, Елвис и Мајкл, како за гледачите пред екраните, така и за натпреварувачите и публиката.
Овој новитет го започна во април годинава Тупак Шакур, чиј перформанс ги воодушеви посетителите на „Коачела“ фестивалот. Веднаш потоа, една американска компанија најави почеток на развивањето и на холограмот на Елвис Присли.
Сепак Џејмс Рок, сопственикот на фирмата „Musion Systems“ се сомнева дека некогаш ќе се успее соодветно да се направи добра замена на живите музичари со холограмите.