Познатиот холивудски режисер Тони Скот, изврши самоубиство, скокајќи од мост во Лос Анѓелес, соопшти полицијата.
68-годишниот Скот, помладиот брат на режисерот Ридли Скот, е виден како го паркира автомобилот на мостот Винсент Томас и како скока во водата вчера околу 12 и 30 часот.
Скот беше познат по филмовите со високо темпо, динамичната монтажа и дигиталните ефекти.
Во кариерата сними повеќе од 20 филмови. На големата сцена дебитираше со филмот The Hunger 1983-та година, а потоа следуваа филмовите Top gan, Beverly Hills Cop 2, Days of Thunder, True Romance, The Last Boy Scout, Crimson Tide, Man on Fire, The Fan.
Имаше исклучителна соработка со Дензел Вашингтон, а во последните месеци се збореше дека го снима продолжението на Top Gan заедно со Том Круз.
Заедно со брат му Ридли беше продуцент на серијата Numbrs и The Good Wife.
Тони Скот е роден на 21. јуни 1944 година во Англија.