По разводот во 2005 година, сепак актерите Џенифер Анистон и Бред Пит останаа пријатели, иако тоа не и се допаѓаше на неговата нова идна сопруга Анџелина Џоли. Сепак откако слушнал за среќата во љубовта на својата поранешна и велењето на судбоносното „да“ на нејзиното ново момче, Бред веднаш побрза да и се јави и да и честита.
Во телефонскиот разговор тие разговарале за запросувањето, прстенот, свадбата, при што поранешниот сопруг ја прашал на шега:
„Ќе ме поканиш ли на свадба?“
За крај и двајцата си посакале многу среќа во понатамошниот брачен живот, нели секој со својот нов патрнер, и со оглед на тоа што Бред и Џенифер сепак останаа добри пријатели, веројатно дека тој и неговата Анџелина ќе добијат покана за свадбата на Џенифер, но дали таа ќе заигра на нивната која ќе се случи наскоро, Бред ништо не спомнал. Веројатно љубоморната Џоли нема да дозволи.