Ѕвездата од филмот „Сам дома“. Меколи Колкин повторно ги полни страниците на светските медиуми со својот лош изглед.
Очигледно лошата состојба во која се наоѓа не може сам да ја подобри, па веќе на социјалните мрежи започнаа да се формираат групи за поддршка и помош на слаткото детенце, а сега темен призор.
Фоторепортерите се „испотепаа“ да го сликаат на свадбата на Натали Портман, но не им успеа.
Два дена подоцна, го „фатија“, пристојно облечен, но сепак само оди по улицата плука насекаде, се држи за стомак и глава и се однесува како за ништо на светот да не му е грижа, па ни за себе.
Ако некогаш сите му завидуваа, сега сите го жалат.