Ромските организации остро регираат на заканите и на тврдењата на минситерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, дека деца симулираат интелектуална попреченост за да влезат во специјални училишта.
Европскиот центар за правата на Ромите (ЕРРЦ) и Националниот ромски центар (НРЦ), велат дека во надлежност на државата е да обезбеди секое дете да може да добие пристап до инклузивно образование на највисок стандард и без дискриминиација.
Според ЕЕРЦ и НРЦ минситерот Ристовски рекол оти родителите ги охрабруваат децата од маргинализираните семејства да се однесуваат како да имаат некоја попреченост за да влезат во специјалните училишта.
„Зачудувачки е да се сугерира дека деца на возраст од 6 години или постари би можеле да симулираат попреченост која би можела да излаже компетентни лица кои се одговорни за одлучување кој треба да добие специјално образование. Ние би сакале македонските власти да делуваат позитивно и да ги решат пошироките проблеми во системот“, вели , Дезидериу Гергељу , изршен директор на ЕРРЦ.