Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

Од:

Во тек е сериозна борба околу правото да се дефинираат принципите врз кои ќе се заснова светскиот поредок, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Војната што Западот ја води против Русија, користејќи ја Украина како свое орудие, стави крај на евроатлантизмот како средство за обединување на сите, истакна тој.

„Глобалното мнозинство изрази потреба за нов модел на светски поредок, но на многумина тоа не им се допаѓа“, рече Лавров на Четвртата меѓународна конференција во Минск за евроазиска безбедност.

Како што наведе, Русија се залага за изградба на поправеден систем на меѓународни односи, заснован на мултиполарност.

Според рускиот министер, ЕУ се обидува да изгради безбедносен систем во Европа кој е насочен против Русија и Белорусија.

„Европската унија брзо се претвора во агресивен, милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија“, изјави Лавров.

Војната што Западот ја води против Русија, користејќи ја Украина како свое орудие, стави крај на евроатлантизмот како средство за обединување на сите, посочи рускиот функционер.

Тој нагласи дека концептот на евроатлантска безбедност доживеал колапс, бидејќи Западот покажал дека нема волја за соработка врз правични основи.

Шефот на руската дипломатија истакна дека на ОБСЕ ѝ е потребна темелна реформа за да може да опстане. „ОБСЕ се наоѓа во исклучително лоша состојба поради конфронтацискиот пристап на Западот“, рече тој.

Четвртата меѓународна конференција за евроазиска безбедност се одржува во Минск на 3 и 4 ноември.

На конференцијата во Минск учествуваат повеќе од 600 претставници од 50 земји, меѓу кои белорускиот претседател Александар Лукашенко, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, како и раководството на Сојузната држава на Русија и Белорусија, Заедницата на независни држави (ЗНД), ОДКБ, ОБСЕ, ШОС и други меѓународни организации, пренесува „Спутник“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Најмалку 26 загинати во руски напад врз хуманитарен центар: „Ова е ужасна трагедија“

Поранешен канадски премиер: Путин е интелигентен, манипулативен и навистина злобен човек

Полска ја засилува границата со Русија: Се стравува од упад на вооружена група

Руска полиција упадна на приватна свингерска забава во Москва: Гостите ги натерале да легнат на под

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Трамп: И Кина и Русија нè шпионираат, но и ние ги шпионираме нив – и тоа подобро

Катерина Ѓуровски

Александар Новак: Руското дизел гориво понекогаш влегува во Европа под различни марки