Полска ја засилува границата со Русија: Се стравува од упад на вооружена група

Од:

Полските власти добиле предупредување за можни диверзии на границата со Русија, поради што е покрената специјална безбедносна операција во северниот и североисточниот дел на земјата.

Шефот на полската полиција Марек Борон изјави дека минатата недела военото разузнавање и сојузничките служби ги предупредиле властите за можни безбедносни закани. Како едно од можните сценарија се споменува и обид на вооружена група да ја премине границата.

Засега не се објавени детали за содржината на предупредувањето.

Борон за радиото RMF FM изјави дека во седиштето на полската полиција во Варшава е формиран оперативен штаб за координација на акцијата.

Операцијата се спроведува во Војводството Вармија и Мазурија, на северот на Полска, долж границата со руската Калининградска област, како и во соседното Подласко Војводство, кое се наоѓа на североистокот на земјата и се граничи со Литванија и Белорусија.

На терен се испратени полициски службеници од повеќе региони, а во акцијата учествуваат и антитерористички единици, војската, граничната полиција и разузнавачките служби.

„Полицијата го обезбедува подрачјето долж Калининградската област поради можни настани што би можеле да доведат до диверзии“, изјави Борон.

Тој нагласи дека една од главните задачи е заштита на населението и објектите што би можеле да бидат изложени на ризик.

Паралелно со операцијата долж границата, полската полиција издаде наредба нејзините специјализирани единици за одржување на јавниот ред да останат во своите матични бази од 2 до 8 ноември.

Овие единици треба да бидат подготвени за итно распоредување на терен, доколку се појави потреба.

Станува збор за сили што претставуваат централна резерва на главниот командант на полската полиција и можат да бидат испратени во кој било дел од земјата.

Од полицијата појаснија дека мерката е воведена поради заканите од саботажи и диверзии. Самата наредба за зголемена готовност, сепак, не значи дека овие специјални единици веќе се распоредени на границата со Русија.

Би можело да ве интересира

Руска полиција упадна на приватна свингерска забава во Москва: Гостите ги натерале да легнат на под

Предраг Петровиќ

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

(ВИДЕО) Трамп: И Кина и Русија нè шпионираат, но и ние ги шпионираме нив – и тоа подобро

Катерина Ѓуровски

Стуб го демантира „Фајненшел тајмс“ за разговорот со Путин

Туск за кризата во Полска ја обвини опозицијата, но и „руските ботови“

Александар Новак: Руското дизел гориво понекогаш влегува во Европа под различни марки