Руска полиција упадна на приватна свингерска забава во Москва: Гостите ги натерале да легнат на под

Од:

Руската полиција извршила ненадејна акција во московскиот клуб „Бизаре“, каде што околу 200 лица ја прославувале Ноќта на вештерките на приватна свингерска забава.

Според информациите што ги пренесуваат медиумите, меѓу присутните имало и гости маскирани во ликови од цртаните филмови.

Полициските службеници влегле во клубот среде ноќ, по што на сите присутни им наредиле да легнат на подот со лицето свртено надолу. Потоа следувале претреси, проверка на личните документи и испрашување на гостите.

 

Според првичните информации, полицијата трагала по наводна „ЛГБТ пропаганда“, во рамки на строгите руски ограничувања поврзани со промовирањето на хомосексуалноста.

Сепак, според соопштението на клубот, при полициската акција не биле утврдени никакви прекршувања на законите и прописите.

Претставниците на локалот поради тоа им се извиниле на гостите за непријатностите што ги доживеале за време на интервенцијата.

Русија во последните години дополнително ги заостри ограничувањата поврзани со ЛГБТ заедницата. Во ноември 2023 година, Врховниот суд на земјата таканареченото „меѓународно ЛГБТ движење“ го прогласи за екстремистичко.

Руските закони предвидуваат високи парични казни за содржини и активности што властите ги оценуваат како промовирање на хомосексуалноста. Ограничувањата опфаќаат јавни настани, интернет, филмови, книги и рекламни содржини.

Би можело да ве интересира

Полска ја засилува границата со Русија: Се стравува од упад на вооружена група

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

(ВИДЕО) Трамп: И Кина и Русија нè шпионираат, но и ние ги шпионираме нив – и тоа подобро

Катерина Ѓуровски

Песков: Брисел ја затвора вратата за дијалог со Москва

Горан Наумовски

Александар Новак: Руското дизел гориво понекогаш влегува во Европа под различни марки

Русија ги опремува ударните дронови „Геран“ со магнетометри