Истрага на ОН: Израел продолжи да врши геноцид во Газа дури и по примирјето

Од:

Израел продолжува да врши геноцид во Газа, дури и по прекинот на огнот во палестинската енклава – договорен со посредство на САД минатиот октомври – се наведува во извештајот на комисија на Обединетите нации, објавен денеска.

Израел го отфрли извештајот, опишувајќи го како дел од „кампања за дезинформации“, пренесе Ројтерс.

Извештајот на Независната меѓународна истражна комисија на ОН за окупираната палестинска територија (вклучително и Источен Ерусалим) и Израел, се осврнува на прекршувањата на правата на палестинските деца во периодот од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври 2023 година, па сè до септември оваа година.

Би можело да ве интересира

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

Петмина Израелци ранети во пукање на Западниот Брег – Нетанјаху нареди блокада

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено

Нетанјаху: Израел не планира превентивен напад врз Иран, но ќе одговори ако биде нападнат

Официјална потврда: Спречен е „нов 11 септември“

Пилоти се истепале во авион за Тел Авив: Израелците мислеле дека е киднапирање, кренале ловци

Катерина Ѓуровски