Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

Од:

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, уште еднаш ја изрази својата поддршка за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во пресрет на утрешните парламентарни избори во Израел.

– До народот на Израел – а особено до оние кои можеби сè уште не го виделе ова – ја повторувам поддршката што ја изразив пред една недела за вашиот премиер, Биби Нетанјаху. Како што сите знаат – вклучително и нашите непријатели – јас и Биби имавме одличен работен однос и заедно постигнавме низа победи, наведе Трамп во објава на платформата за социјални медиуми „Truth Social“.

Како пример, Трамп наведе напад во Венецуела, опишувајќи го како една од најуспешните воени операции во историјата.

Пред тоа, истакна тој, тие ја спровеле „Операцијата Полноќен чекан“ (Operation Midnight Hammer), која „го спречи водечкиот државен спонзор на тероризмот во светот да дојде до нуклеарно оружје“.

„Потоа, ја изведовме ‘Операцијата Епски бес’ (Operation Epic Fury). Иран сега нема ниту морнарица, ниту воздухопловни сили, а неговата војска и економија се целосно уништени; доволно е да се каже дека инфлацијата во Иран изнесува 301 отсто“, додаде Трамп.

Според него, поморската блокада го спречила Иран да набавува нафта, а два слоја од неговото раководство – како во војската, така и во другите структури – повеќе не постојат. „Кога ќе излезете на гласање, запомнете дека Биби беше исклучителен воен премиер. Некои многу злобни луѓе го нарекоа Израел ‘мал сатана’, а Соединетите Држави ‘голем сатана’. Повикот ‘Смрт за Америка, смрт за Израел’ – кој се слуша низ целиот свет – повеќе не смее да има место, и нема ни да има. Гласајте за Биби Нетанјаху за премиер; мораме да ја завршиме работата што ја започнавме“, заклучи Трамп.

Медиумот „Axios“ во неделата објави – повикувајќи се на добро информирани извори во САД и Израел – дека во последните денови Нетанјаху побарал од американскиот претседател Доналд Трамп јавно да понуди поголема поддршка за неговата кампања пред претстојните избори.

Според американски извори, Белата куќа на агресивното лобирање на Нетанјаху гледа како на „знак на очај“ и показател дека израелскиот лидер смета оти заостанува зад своите противници. Изборите за 26-тиот Кнесет во Израел се закажани за вторник, 27 октомври 2026 година.

Ова се првите парламентарни избори во земјата по нападите предводени од Хамас на 7 октомври 2023 година и војната во Појасот Газа што следеше потоа.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

„Дејли експрес“: Медведев му порача на Трамп да нареди ликвидација на Зеленски

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

ВИДЕО: Трамп откри план за Русија и Украина по завршувањето на војната

(ВИДЕО) Обама: Белата куќа изгледа како Садам Хусеин да отворил Cheesecake Factory

Катерина Ѓуровски