Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во интервју за „Џерузалем пост“, предупреди дека Иран и неговите регионални сојузници разгледуваат начини како да влијаат врз претстојните избори во Израел, закажани за 27 октомври.

„Добивме јасни предупредувања од военото разузнавање и од Мосад дека Иран и неговите сојузници бараат начини да влијаат врз изборите“, изјави Нетанјаху.

„Доколку го сторат тоа, ќе направат тешка грешка, бидејќи ние ќе одговориме со сила каква што не можат ни да замислат“, предупреди тој.

Нетанјаху наведе дека Иран и неговите сојузници би можеле да се обидат да ја разнишаат довербата на јавноста во безбедноста на Израел преку изведување напади, чија цел би била да покажат дека воените успеси на земјата суштински не ја промениле регионалната рамнотежа на силите.

„Имавме неверојатно успешна приказна“, рече Нетанјаху, опишувајќи ја трансформацијата на Израел по масакрот извршен од страна на Хамас на 7 октомври 2023 година.

„Од 7 октомври наваму, стигнавме до точка во која сме најмоќната сила на Блискиот Исток – јасно, најмоќната земја на Блискиот Исток“, истакна израелскиот премиер.

Според Нетанјаху, Израел завршил „90 отсто од работата“ против Иран и неговите сојузници, но предизвикот останува – да се спречат тие повторно да ги изградат своите капацитети.

Би можело да ве интересира

Калибаф: Откривањето на новиот ракетен град е јасна порака до непријателите на Иран

Иран: Вашингтон мора да ги исполни условите на Техеран доколку сака крај на војната

САД: „Подготвени сме за напад“

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД