Петмина Израелци ранети во пукање на Западниот Брег – Нетанјаху нареди блокада

Од:

Петмина Израелци се ранети во пукање во јужниот дел на Западниот Брег – двајца од нив се во критична состојба – додека израелски војници убија двајца вооружени Палестинци, соопштија денеска службите за итни случаи и израелската војска.

Од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопштија дека тој им наредил на безбедносните сили да го блокираат Хеброн и да бидат подготвени целосно да ја затворат целата палестинска територија.

Израелската војска наведе дека поставила контролни пунктови и затворила неколку палестински градови во таа област, вклучително и Хеброн.

Би можело да ве интересира

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

„Џерузалем пост“: Арапските партии ја поддржаа опозицијата по изборите

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он