Пилоти се истепале во авион за Тел Авив: Израелците мислеле дека е киднапирање, кренале ловци

Од:

Авион на „Флајдубаи“ со 174 патници, меѓу кои 27 деца, принудно слетал во Саудиска Арабија откако двајцата пилоти физички се пресметале во пилотската кабина. Инцидентот предизвикал активирање на сигнал за опасност, поради што израелските власти првично се посомневале во можна киднапирање на авионот и подигнале борбени авиони, објави израелскиот портал „Ynet“.

Авионот летал од Дубаи кон Тел Авив, а за време на летот накратко бил испратен транспондерскиот код 7500, кој означува незаконско преземање контрола врз леталото и вообичаено се користи во случај на киднапирање.

Претходно бил активиран и кодот 7700, кој означува општа опасност.

Откако бил испратен сигналот за киднапирање, авионот го променил правецот и се вратил во воздушниот простор на Саудиска Арабија, каде што летал на значително помала височина. На крајот безбедно слетал на аеродром.

Инцидентот предизвикал голема безбедносна реакција во Израел. Премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац свикале итни безбедносни консултации, а израелската полиција наредила формирање заеднички команден центар со безбедносните служби.

Израелското воено воздухопловство во меѓувреме подигнало борбени авиони, додека надлежните се обидувале да утврдат што се случува во авионот.

Во првите моменти од инцидентот, претставник на израелските безбедносни служби изјавил дека немаат потврдена информација за киднапирање, но дека ситуацијата е сериозна бидејќи не успевале да воспостават контакт со пилотот.

„Немаме сигурна информација дека станува збор за киднапирање, но пилотот го активираше сигналот за опасност. Не можеме да воспоставиме контакт со него и тоа сериозно нè загрижува“, изјавил тој за „Ynet“.

Летот од Дубаи кон аеродромот „Бен Гурион“ кај Тел Авив започнал во 7:05 часот, а авионот требало да пристигне околу 9:30 часот.

Околу час и половина по полетувањето, додека авионот се приближувал до воздушниот простор на Јордан, бил испратен кодот 7700, а потоа и кодот 7500.

Набргу потоа авионот го променил правецот, се вратил кон Саудиска Арабија и почнал да лета на пониска височина.

Подоцна било утврдено дека сигналот не бил предизвикан од киднапирање, туку од физичкиот конфликт меѓу двајцата пилоти во пилотската кабина.

Авионот безбедно слетал во Саудиска Арабија, а сите патници и членови на екипажот се безбедни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски

Белата куќа му забрани на Си-Ен-Ен да патува со Трамп во „Ер форс 1“

Синот на израелскиот амбасадор во САД тешко повреден на Западниот Брег: „Му треба чудо“

(ВИДЕО) Драма во Британија: Авион се запали во воздух, пилотите се катапултираа пред падот

ВИДЕО: Хутите осовјуваат клучни територии, илјадници цивили бегаат од Јемен

Нетанјаху по нападот на Западниот Брег: Ќе ги повикаме на одговорност сите терористи!

А1он