Трагедија во Хрватска: Пронајдена остатокот од авионот и телата на две лица по драматичната потрага

Од:

Две лица загинаа во пад на ултралесен авион кој исчезна од радарите над Велебит во Хрватска. Остатоците од леталато и телата на настраданите беа пронајдени доцна синоќа во тешко пристапно подрачје на Националниот парк Пакленица.

Ултралесниот авион со ознака D-KWZE, кој летал од Чешката Република кон Задар, исчезнал од радарите на 21 август околу 16:15 часот. Според податоците на хрватската цивилна заштита, сигналот бил изгубен околу 17 милји североисточно од Задар, по што следувала обемна и драматична потрага.

Во акцијата за трагање и спасување учествувале речиси 35 припадници на Хрватската планинска служба за спасување (ХГСС) од Госпиќ и Задар, со поддршка од вработени во Националниот парк, полицијата, пожарникарите и припадници на цивилната заштита од Сплит и Ријека, кои пристигнале со дронови и опрема за ноќна потрага. Поради исклучително неповолните временски услови, пребарувањето од воздух не било можно.

Петар Прпиќ од ХГСС ги опиша тешките услови во кои се одвивала потрагата, нагласувајќи дека спасувачите со часови пешачеле низ бурата до местото на несреќата.

„Нашите спасувачи се соочија со многу лоши временски услови во подрачјето на потрагата – силен ветер, дожд и многу слаба видливост. Кога околу 22 часот стигнаа на микролокацијата каде што ги пронајдоа остатоците од авионот и, за жал, двете тела, видливоста поради густата магла беше само два метри. Условите воопшто не беа добри“, изјави Прпиќ.

Идентитетот и националноста на загинатите лица сè уште не се официјално соопштени.

Припадниците на надлежната полициска управа го обезбедија местото на настанот на Велебит. Увидот, кој ќе следува откако ќе се создадат услови за тоа, треба да ги утврди сите околности, како и тоа дали силната бура што го зафати овој дел од Хрватска била главната причина за падот на авионот. Понатамошните чекори за извлекување на остатоците и телата ќе бидат координирани со Министерството за внатрешни работи и цивилната заштита.

Би можело да ве интересира

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

По забраните за српски пејачи во Хрватска и БиХ, сега се бара забрана за Дино Мерлин во Србија

Предраг Петровиќ

Хрватска поднесе обвинение за шпионажа против воен пилот и државјанка на Србија

Предраг Петровиќ

Мицотакис ѝ го честиташе 68. роденден на Мадона по нејзиниот одмор во Грција

Предраг Петровиќ

Изгубен е контактот со мал авион во Хрватска, во тек е операциja за пребарување и спасување

А1он

Трагедија во Алјаска: Се урна авион, нема преживеани

Горан Наумовски