ВИДЕО: Фрлен Молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани гумени куршуми

Од:

Затишјето меѓу демонстрантите и полицијата во близина на канцеларијата на албанскиот премир Еди Рама траеше околу два часа, а ситуацијата повторно ескалираше откако еден од демонстрантите фрли Молотов коктел врз зградата.

Полицијата одговори со солзавец и водени топови, пренесе „Јуроњуз Албанија“.

Демонстрантите потоа фрлаа камења кон полицијата, а според првичните информации, полицајците испукале и гумени куршуми.

Откако полициските сили ги растераа од Булеварот „Дешморет е Комбит“, демонстрантите се разминаа во неколку правци и продолжија да се собираат во околните улици и на Плоштадот „Скендербег“.

Одделни групи запалија контејнери за ѓубре и ги оставија среде пат со цел да го блокираат минувањето на полициските возила.

Булеварот „Дешморет е Комбит“ е испразнет, а во тој дел од градот останаа само полициските сили.

Би можело да ве интересира

СНСД и ХДЗ нема да влезат во власта едни без други

Рама повторно ги повика студентите на дијалог, овојпат на камена маса

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Рама: Србија останува затворена за признавањето на Косово

А1он

Вучиќ помилувал пет лица во Србија: Меѓу нив и поранешната висока функционерка на МВР, Дијана Хркаловиќ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Нов голем протест во Албанија – запалени канти за отпадоци, полицајците ги гаѓаа со камења

А1он